Невобичаена ситуација: На пат се да ја одбранат титулата, а разговараа за смена на тренерот

Зенит Санкт Петербург е на добар пат да ја одбрани титулата во Русија. Тимот во моментов има пет бода предност пред второпласираниот тим на Динамо Москва. Ги нема големите клубови како Локомотив, ЦСКА, Спартак да го загрозат, па Зенит е на добар пат да се закити со нова титула во Русија.

Интересно е тоа што пред неколку дена челниците на овој тим разговарале за смена на тренерот Сергеј Семак. На крајот е донесена одлука тој да остане на клупата, но е навистина чудно што воопшто се разговарало на таа тема, кога Семак одлично ја води екипата. Можеби од челниците на тимот од Санкт Петербург очекувале повеќе во Лигата на шампионите, меѓутоа тешко е за верување дека во група со европскиот првак Челзи и со гигантот Јувентус, Зенит можеше да стори нешто повеќе.

Тимот од Санкт Петербург ќе игра во Лигата на Европа, со оглед дека ќе заврши како третопласиран на табелата.

Се вчитува...