Невреме ќе ги одложи мечевите од Серија А?

Лоши временски услови ја зафатија Италија и поради црвен метео-аларм во Џенова, одлучено е дека не постојат услови за одигрување на вечерашниот меч меѓу Сампдорија и Рома, кој е одложен. Денеска ќе играат само Јувентус и Киево во Торино, со почеток во 18 часот.

olimpiko dozd

Но, за утре се најавуваат временски непогоди низ цела северна Италија, па најверојатно ќе бидат одложени уште четири натпревари. Се очекуваат проблеми во Бергамо, Верона, Рим и во Удине, па под знак прашање се натпреварите Аталанта – Сасуоло, Верона – Фиорентина, Лацио – Милан и Удинезе – Џенова.

Конечната одлука ќе биде донесена утре, рано наутро.

Се вчитува...