Незапаметени сцени – Фудбалерите на Бока Јуниорс се тепаа со редарите и полицијата (ВИДЕО)

Бока Јуниорс е елиминирана од Копа Либертадорес откако по пенали загуби од Атлетико Минеиро. Меѓутоа, тоа што се случуваше во соблекувалната и тунелот е далеку од фудбалски. По мечот дојде до жестока пресметка меѓу играчите на двата тима, обезбедувањето и полицијата.

Фудбалерите на Бока по мечот ја фрлаа металната ограда и се што им се најде при рака кон домашните фудбалери. Потоа тие се обидоа да влезат во соблекувалната на Атлетико по што реагираше обезбедувањето и полицијата, а тие почнаа да се пресметуваат и со нив.

 

Се вчитува...