Незапирливиот Манасков донесе победа на Веспрем

Дејан Манасков беше во главна улога на денешниот натпревар меѓу Веспрем и Ѓонѓос, што актуелниот првак на Унгарија го доби со резултат 34-27. За тимот на Давид Дејвис ова беше последна проверка пред дербито во ЛШ против Вардар, тимот на Веспрем се соочи со проблеми во одбраната, но затоа нападот предводен од Манасков функционираше беспрекорно.

Левото крило на македонската репрезентација постигна 11 погодоци и беше најефикасен поединец на натпреварот. Мачковшек постигна пет погодоци за Веспрем, додека поранешниот „вардарец“ Мораеш го заврши мечот со три постигнати гола.

За Веспрем ова беше осма победа по осум одиграни натпревари во унгарското првенство.

Се вчитува...