Нголо Канте стравува од Covid-19, не сака да тренира со тимот на Челси

Францускиот интернационалец Нголо Канте побарал од менаџерот Франк Лампард да му дозволи да тренира самостојно во домашни услови затоа што стравува од Covid-19. Тој во вторникот се појави на првиот тренинг на Челси, беше забележливо дека во периодот на карантин го напуштил имиџот на ќелавко што предизвика најголемо внимание кај медиумите на Островот, но по првиот заеднички тренинг го замолил Лампард да добие дозвола и понатаму да тренира самостојно.

На тренинзите на Челси се уште не е присутен и Калум Хадсон – Одои, кој беше позитивен на коронавирусот, но брзо ја надмина болеста, а пред неколку дена беше уапсен по пријава дека силувал девојка која ја запознал на интернет.

Покрај Нголо Канте, уште двајца фудбалери од Премиер – лигата јавно изразија страв од враќањето на групните тренинзи, Трој Дини од Вотфорд и Дени Роуз од Њукасл.

 

 

Се вчитува...