Ни Лејкерс, ни Далас, Горан Драгиќ е нов кошаркар на Бруклин

Горан Драгиќ кариерата ќе ја продолжи во Бруклин Нетс откако потпиша договор до крајот на сезоната. Поранешниот словенечки репрезентативец во Њујорк пристигнува по раскинот на соработката со Торонто и се очекува да биде од голема корист во битката за трофеј со оглед на големото искуство.

Драгиќ својата НБА кариера ја започна во 2008 година во Феникс Санс, а интересно тогаш за соиграч го имаше Стив Неш, сегашниот тренер на Бруклин. Покрај Феникс тој го носеше и дресот на Хјустон пред да помине шест години во редовите на Мајами.

Се вчитува...