„Ние сме истите од март, но односот не ни е тој што беше“

Благоја Милевски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација после поразот од Азербејџан, истакна дека ќе следуваат анализи и потоа ќе се одлучува кои играчи ќе го понесат товарот во следните квалификации.

Милевски кажа дека овие два меча ќе бидат репер за следниот квалификациски циклус.

„Неслучајно инсистирав на силни контролни натпревари за навистина да ја согледаме реалната слика на секој репрезентативец кого го имаме. Дали сум задоволен или не од некого, сега е малку неблагодарно. Ќе се направат анилизи на двата контролни натпревари, и на Лигата на Нации, но ќе ни бидат репер и овие мечеви, и тие во Лига на Нации. Сето тоа што ќе се покаже како позитивно или негативно, ќе ни биде репер за понатаму“, изјави Милевски.

Селекторот кажа што е проблемот што играчите од март до сега имаат голема разлика во формата.

„Момците се исти, ние сме исти, Лига на Нации мораше да се почнат и да се играат со тој ростер. И од тој аспект, после такви одиграни два баражи и такви квалификации Македонија е втора во квалификации за СП, и игравме бараж со Италија и ги победивме и не отидовме на Светско првенство. После Португалија во еден меч во егал. Притисок нема, но ние треба сами да си го наметнеме дека вака повеќе не можеме. Ние сме истите, но односот не ни е тој што беше. И повторно ќе кажам, добро е тоа што ова ни се случи сега“, рече Милевски кој кажа дека атмосферата во тимот е добра.

„Кога зборуваме за тим, тогаш тимот го сочинуваат сите. Кога е нешто е добро или лошо, сите исто сме заслужни. Тие работи на кои мислите, не. Атмосферата за работа е супер, фудбалскиот момент треба да се замислиме сити. Немам никакви замерки за односот, за работата, нема никаков проблем“, кажа селекторот.

Се вчитува...