„Ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат“ – како ФФМ ја проследи ждрепката за СП 2022 (ВИДЕО)

Македонија го доби најтешкиот можен пат во баражот за место на Светското првенство 2022 во Катар. Селекцијата на Благоја Милевски во полуфиналето ќе се соочи со Италија на гостински терен, а доколку „црвено-жолтите“ слават против актуелниот евроспки шампион, потоа ќе очекува нов дуел на гостински против подобриот од мечот меѓу Португалија и Турција.

Ждрепската за Светското првенство беше проследена и во просториите на ФФМ, а претседателот Муамед Сејдини имаше интересен коментар на истата.

„Ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат“, прокоментира првиот човек на македонскиот фудбал.

Се вчитува...