Никлас Ландин е нов ракометар на Алборг

Данскиот шампион Алборг по Арон Палмарсон и Микел Хансен успеа да постигне договор и со најдобриот голман во последната деценија, Никлас Ландин. Ландин ќе го одработи до крај договорот со Кил до летото 2023 година.

Германскиот тим ја потврди оваа информација, која доби потврда и од клубот кој минатата година играше во финалето на Ф4 турнирот во Келн каде беше поразен од шпанскиот великан Барселона.

Алборг и годинава игра одлично. Го освои првото место во групата со Вардар и автоматски се пласираше во четвртфиналето, каде годинава ќе игра најверојатно со унгарскиот Веспрем кој го декласираше Вардар во првиот натпревар од осминафиналето со (22-30).

Се вчитува...