Нико Ковач демантира преговори со Борусија, отпадна и Тен Хаг

Ниту Ерик тен Хаг ниту Нико Ковач нема да ја водат Борусија Дортмунд во вториот дел од сезоната во Бундеслигата и во Лигата на шампионите. По отказот на Нури Сахин, „милионерите“ се во потрага по тренер. Иако Хрватот и Холанѓанецот се споменуваа како најсериозни кандидати, сепак, ниту еден од нив двајца нема да седне на „жешката“ клупа на тимот од Дортмунд.

Ковач во изјава за германските медиуми вели дека не преговарал со ниту еден клуб во моментов и никој не го контактирал. Претходно стана јасно дека ниту Ерик тен Хаг нема да ја води Борусија, и покрај тоа што пред неколку дена бил виден на меч во Дортмунд.

Сега во преден план е поранешниот тренер на Баер Леверкузен, Роџер Шмит, како и некогашниот германски селектор Јоаким Лев. Проблематично е што Лев по напуштањето на клупата на Германија во 2021 година, нема работено никаде. Шмит последно беше во Бенфика.

Постои и варијанта Б за Дортмунд. А тоа е Себастијан Хенес од Штутгарт, со тоа што тој би го презел тимот по завршувањето на сезоната. Треба да се има во предвид дека овој тренер летоска го одби Баерн Минхен, па затоа германските медиуми пишуваат дека се мали шансите тој да биде наследникот на Сахин во Борусија.

За саботниот меч со Вердер, екипата ќе ја води досегашниот тренер на младинската екипа, Мајк Тулберг.

Се вчитува...