Нико Ковач ги забрани мобилните телефони: Мора да постои нормална комуникација

Нико Ковач очекува максимална посветеност на играчите за време на тренинзите, но и комуникација меѓу нив кога не се наоѓаат на теренот. Токму затоа, новиот тренер на Баерн Минхен го забранил користењето на мобилни телефони во голем дел од тренинг-комплексот, се со цел играчите уште повеќе да се зближат едни со други.

„Мора да постои нормална комуникација, а за такво нешто неопходно е да се ограничи користењето на телефони. ОК е тоа да го прават во соблекувалната, но не и во другите клупски простории. Ако заедно јадеме, нормално е да едни со други и разговараме, не е нормално секој да молчи и да гледа во својот телефон. Сакам да има меѓусебна размена на мислење, тоа ќе го подобри овој тим. Исто така, за време на масажите фудбалерите треба да се опуштат, а не да го трошат времето гледајќи во телефонот. Не можам да замислам како зрачењето може да биде корисно за време на опуштањето во текот на масажата“ – ја објасни Нико Ковач својата одлука.

Баерн Минхен го декласираше Ајнтрахт за трофеј во Супер-купот на Германија, а баварскиот гигант одбраната на титулата во Бундес-лигата ќе ја стартува наредниот викенд, со домашниот натпревар против Хофенхајм.

Се вчитува...