Нико Ковач пред отказ – Баерн „потопен“ од Менхенгладбах

Хрватскиот стратег Нико Ковач е пред отказ во Баерн Минхен откако Баварците доживеаја дебакл во 7. коло од Бундеслигата на домашен терен против Борусија Менхенгладбах.

Баерн и трет едноподруго меч не знае за победа, запишувајќи убедлив пораз од 0-3 од Менхенгладбах. Сето тоа веднаш, уште за време на мечот, активираше лавина реакции од навивачите на Баерн кои, како и фудбалерите, бараат заминување на Нико Ковач.

Менхенгладбах победата ја најави со голот на Плеа во 10. минута, а Штиндл во 16. минута веќе донесе 0-2. Конечните 0-3 ги постигна Херман со гол во 88. минута.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...