Нико Ковач седна на клупата на Монако

Нико Ковач е нов тренер на францускиот прволигаш Монако. Според пишувањата на медиумите во Франција Ковач ги договорил личните услови и денеска ќе го има првиот тренинг со клубот.

„Навистина сме среќни што Нико Ковач доаѓа во клубот. Во новата сезона се отвора ново поглавје на Монако. Тој е познат по својата добра работа со младите фудбалери кои напредуваат под негово водство“, истакнаа од Монако. 

Ковач последниот ангажман го имаше во Баерн Минхен каде доби отказ по поразот од Ајнтрахт Франкфурт од 5-1. Монако минатата сезона ја заврши на 9. место во Лига 1, по што „кнезовите“ го отпуштија Шпанецот Морено.

Се вчитува...