Нико Вилијамс ќе биде засилување на Ливерпул?

Поранешниот шпански репрезентативец Гаиска Мендиета верува дека Ливерпул би можел да го потпише Нико Вилијамс, објави „Ливерпул Ехо“.

Шпекулациите за заминувањето на Нико Вилијамс од Шпанија траат веќе долго време, но минатата година тој потпиша долгорочен договор со Атлетик Билбао кој вклучува клаузула од само 77 милиони фунти.

Мендиета верува дека со активирање на таа клаузула, Ливерпул би можел да го доведе шпанскиот офанзивец како замена за Мохамед Салах.

„Дефинитивно ќе има интерес за Нико, а Андони Ираола би можел да го убеди да дојде во Ливерпул. Минатата година се зборуваше за трансфер во Барселона. За жал, тој имаше тешка сезона со неколку повреди, но ако игра добро на Светското првенство, шпекулациите повторно ќе започнат. Тој е одличен, разновиден играч. Сакам да го гледам најмногу лево, но може да игра и на двете страни“, рече Мендиата.

Се вчитува...