Нико Вилијамс против расистите: Глупави луѓе има секаде…

Нико Вилијамс се најде во центарот на нов расистички скандал во фудбалска Шпанија, откако асот на Атлетик Билбао беше навредуван од навивачите на Атлетико Мадрид.

Крилниот офанзивец веднаш се пожали кај судијата и натпреварот неколку минути беше во прекин, а Нико Вилијамс дочека одмазда откако неколку минути подоцна постигна гол пред истата трибина од која што стигнаа расистичките навреди кон него.

„Тргнав да изведам корнер и слушнав звуци како имитираат мајмуни. Има глупави луѓе насекаде, но ништо не се случува за тоа да се искорени. Мораме да продолжиме да работиме. Навистина, прославата беше за да ги замолкнам расистите, бев бесен. Мислам дека мојата реакција е сосема нормално откако бев навредуван само поради бојата на мојата кожа“, изјави Нико Вилијамс.

Се вчитува...