Никогаш не го отпишувајте Реал: Чудесен камбек за победа над Ефес

Реал Мадрид по огромна битка успеа да слави над Анадолу Ефес со 80-76, намалувајќи ја негативата на 1-2 во четвртфиналната серија од Евролигата. „Кралевите“ се наоѓаа на работ на елиминација бидејќи во голем дел од денешниот натпревар имаа двоцифрена негатива, но избраниците на Пабло Ласо покажаа неверојатен карактер, враќајќи се од „минус дванаесет“ во последните пет минути и стигнувајќи до голем триумф.

На 4.30 минути до крајот Ефес имаше водство од 64-76 и се чинеше дека турскиот гигант рутински ќе го обезбеди билетот за фајналфор. Тогаш наместо да продолжат со фуриозните напади Мициќ, Ларкин и соиграчите почнаа да го трошат времето, шутирајќи тројки со истекот на нападите, а нивните промашувања беа казнувани со прецизни удари од далечина на „кралевите“. Руди Фернандез со тројка на помалку од една минута до крајот донесе водство на Реал од 78-76, а по загубената топка на Мициќ, младиот Гаруба со поени од рекетот стави печат на големата победа.

Ветеранот Љуљ беше главна фигура со 20 поени и 7 асистенции кај Реал Мадрид, додека на Реал не му помогна одличното издание на Мициќ, кој постигна 29 поени на овој натпревар.

Се вчитува...