Никогаш поголеми шанси: Рашфорд е желба на Барселона

Маркус Рашфорд, ѕвездата на Манчестер Јунајтед во следната година може да заврши во редовите на Барселона, пренесуваат англиските медиуми. Англичанецот е желба на каталонците за нова ѕвезда во нападот, а шансата за трансфер никогаш не била поголема.

Оваа сезона 24-годишникот одигра само 565 минути распределиени низ 11 настапи во сите конкуренции, а притоа постигна три гола и една асистенција, но просекот е далеку помал од очекувањата. Во негова полза не е ниту повредата која го оддалечи од терените, а со тоа падна и на списокот на стартери.

Рангник се обидува да го извлече максимумот од сто милионското засилување Џејдон Санчо, а германскиот статег не сака да го занемари ниту Мејсон Гринвуд. Тука се и Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш па со тоа се отвара простор за заминување на талентот од Манчестер.

Единствениот проблем кој може да се јави со реализацијата на истиот е цената на англискиот репрезентативец на пазарот која според Трансфермарт изнесува 85 милиони евра, а со оглед на финансиските проблеми на Барселона истата може да биде и преголема.

Се вчитува...