Елиф Елмас доби шанса од првата минута на дуелот против СПАЛ и максимално ја оправда довербата на тренерот Џенаро Гатузо. Тој не само што со асистенција даде значаен придонес во победата, туку го имаше буквално насекаде по теренот, оставајќи печат и во нападот, но и во одбраната на „наполитанците“.
Впрочем, најдобар доказ за тоа е фактот дека тој истрча 12,664 километри на овој натпревар, што е највисока бројка за сите фудбалери во ова коло во Калчо-лигата.
Од останатите категории, Томасо Аугело од Сампдорија го има најбрзиот спринт (33,9 километри на час), Луис Муриел од Аталанта имаше пет удари во рамките на противничкиот гол на дуелот со Удинезе, Кристијан Ромеро од Џенова имаше 29 освоени топки…
Correre più degli altri, fare di tutto per evitare di subire un gol e per farlo agli avversari. Tutti i numeri dell’ultima giornata. ?#SerieATIM #WeAreCalcio pic.twitter.com/KnhIEDmPiS
— Lega Serie A (@SerieA) June 30, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА