Никој не дава плата како „старата дама, Рамзи не сака да замине од Јуве

Арон Рамзи ги одби понудите на Кристал Палас, Њукасл и Барнли. Велшкиот репрезентативец има договор со Јувентус до летото во 2023 година и нема намера да си замине од тимот до крајот на летото.

Ваквата одлука на велшкиот фудбалер ги налути шефовите на „старата дама“ кои најверојатно ќе го префрлат во младинската екипа.

За потсетување, веќе поранешниот играч на Арсенал во 2019 година се пресели во Торино и стана еден од најплатените фудбалери во тимот на Јувентус. Тој досега има одиграно 70 мечеви и постигнато шест голови.

Се вчитува...