Никој не го сака Вестбрук: Лејкерс не можат да најдат клуб за трејд!

Лос Анџелес Лејкерс беше еден од најактивните клубови на маркетот изминатото лето. Најтрофејниот клуб во НБА лигата состави искусен тим од поранешните доминантни кошаркари кои сега се веќе во поизминати години и не можат да одговорат на пеколното темпо.

Поради тоа тимот од „градот на ангелите“ стравува за место во плејофот со скор од 22 победи и 23 порази во моментот го завзема осмото место на „Западот“, па во обид да ги консолидира своите редови цели кон трејдови, а прв на листата за заминување се наоѓа Расел Вестбрук.

Поранешниот кошаркар на Оклахома, Хјустон и Вашингтон оваа сезона има катастрофален шут за три поени со реализација од само 30 отсто па јасно е зошто тимот сака да се ослободи од неговите услуги, но проблемот се јавува во тоа што ниеден тим не е заинтересиран за неговиот ангажман, пренесуваат американските медиуми.

Најголемиот проблем за тоа се јавува во моменталниот договор со Лејкерс кој вели дека Вестбрук следната сезона треба да „кешира“ гарантирани 47 милиони евра.

Се вчитува...