Арсенал на чело со Милек Артета многу лошо ја отворија новата сезона во Премиерлигата и запиша три порази по три одиграни кола, а последниот беше убедлив од Манчестер сити со 0-5.
Навивачите воопшто не се задоволни, а ниту дел од фудбалерите повеќе не сакаат да останат во Арсенал. За тоа каков хаос владее во тимот е доказ и Мејтланд-Најлс, кој имаше понуда да се пресели во Евертон, но не му дозволи лондонскиот тим.
Фудбалерот преку Инстаграм објави порака и јасно им порача на главните луѓе на Арсенал дека не сака да остане во екипата.
„Сакам да заминам таму каде што ме сакаат и каде што ќе играм“, напиша младиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА