Никој во НБА нема договор како Бредли Бил

Бредли Бил е еден од кошаркарите кои ова лето потпиша супер-макс договори. Бекот на Вашингтон во следните пет години ќе заработи 251 милион долари, а интересно со новиот договор влезе во елитно друштво во историјата на првенството.

Имено, како што откриваат американските медиуми истиот има „no trade“ клаузука кој овозможува вето доколку клубот сака да го размени, односно самиот да бира во кој клуб сака да продолжи да се натпреварува. Ваков вид на клаузула во минатото имаа Дирк Новицки во Далас и прерано починатиот Коби Брајант во Лејкерс.

Се вчитува...