Никола Ѓоргиев: Заедништвото не донесе на ЕП да направиме историја

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Против Финска, да се почне со победа и да се отвори на најдобар можен начин дебитантското учество на Европското првенство. Ова е желбата и амбицијата на македонската одбојкарска репрезентација во пресрет на настапот на континенталниот самит во Љубљана.

„Заедништвото е нашиот главен и најсилен атрибут на ова првенство. Заедништвото и не доведе тука. Заедно сме веќе шест-седум години. Ние практично сме семејство. Правиме се заедно и надвор од теренот. Си помагаме во секакви ситуации. Заедништвото и ќе не води тука на Европското првенство“ – вели на еден ден пред стартот на првенството, капитенот Никола Ѓоргиев.

Покрај Финска, во нашата група од прелиминарниот сегмент се и селекциите на Турција, Русија, Белорусија и на Словенија. За пласман во нокаут рундата на македонската сеекција и треба да заврши до четвртата позиција на конечната табела во оваа конкуренција.

 

Се вчитува...