Никола Илиевски Џиџи: Честитки до сите, но голманот Илиќ е најголем виновник за денешниот триумф

Вардар дојде до посакуваната прва пролетна победа која најтрофејниот македонски клуб го остава во живот за прволигашки опстанок.

Тренерот на „црвено-црните“, Никола Илиевски – Џиџи вели дека доколку треба некој да издвои за победата на овој меч, тоа е голманот Филип Ивиќ кој имаше неколку неверојатни одбрани.

„Честитки до сите играчи дадоа во границите на своите можности максимум. Но, ако треба да издвојам ова е победа на голманот Илиќ. Имаме многу млади играчи кои на тренинг се одлично, но на натпревар данокот на неискуството си го прави своето. Останува борба до крај за опстанок и ако можеме да избегнеме и бараж. Воопшто нема да биде лесно до крајот на сезоната во која остануваат уште четири средби. Имаме натпревар со директниот конкурент Борец, а на останатите натпревари противниците ќе бидат фаворити. Вардар има големо име, но во моментов ситуацијата е таква што секој противник е фаворит со нас“, вели Илиевски. ,

Гостување против Борец во Велес, домашен дуел со Работнички, гостување во Струга и пресметка со Македонија ЃП во последното коло на домашен терен се натпреварите преку кои „вардарци“ ќе ги бараат финалните бодови за опстанок.

Се вчитува...