Никола Јакимовски потпишува за АЕЛ

Македонскиот напаѓач Никола Јакимовски се договори за трансфер и во својот 13-ти клуб во кариерата.

28-годишниот офанзивец до крајот на актуелнава сезона ќе настапува за грчкиот прволигаш АЕЛ од Лариса.

Јакимовски во АЕЛ заминува од редовите на италијанскиот третолигаш Бишељи, а претходно во кариерата има настапи и за српските Јавор Ивањица и Јагодина, јапонска Нагоја како и италијанските Варезе, Комо, Бари, Беневенто, Виченца.

Се вчитува...