„Никола Јокиќ е најнепочитуваниот МВП во историјата“

Денвер Нагетс претрпеа нов пораз во НБА лигата, овој пат од ЛА Клиперс во меч во кој во центарот на вниманието повторно беше Никола Јокиќ кој го предводеше својот тим со нова блескава партија во која забележа далб-дабл од 21 поен и 13 скока на кои додаде и 8 асистенции.

По натпреварот говорејќи за медиумите тренерот Мајк Малоун имаше само пофални зборови за српскиот интернационалец за кој вели дека е најнепочитуваниот МВП во историјата.

„Никола Јокиќ е најнепочитуваниот МВП во историјата во смисла на вниманието и третманот кој го добива од медиумите. Доколку отворите речник и го побарате зборот константност таму ќе најдете слика од Никола. Тој беше нашиот лидер на „балонот“, претходната сезона одигра 72 натпревара, а оваа сезона знаевме дека Џамал ќе биде надвор од терените подолго време. Кога на тоа ќе ги додадете и повредите на Мајкл Портер и Дојзер, учинокот на Никола постави уште поневеројатен“, вели тренерот на Денвер.

Се вчитува...