Никола Митревски во изборот за најдобар голман сезонава во ЛШ

Македонскиот ракометен голман Никола Митревски се најде во изборот за најдобар голман сезонава во Лигата на шампионите.

Нашиот интернационалец и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на Порто, па сосем заслужено се најде во страшно силната конкуренција на голманската позиција во елитното натпреварување.

„Им благодарам на соиграчите, стручниот штаб и фановите што ми помогнаа да бидам номиниран меѓу најдобрите“, изјави Митревски.

Во конкуренција за најдобар голман , покрај Митревски, номинирани се и: Никлас Ландин (Кил), Бенјамин Буриќ (Фленсбург), Андреас Волф (Кјелце), Гонзало Перез де Варгас (Барселона) и Родриго Коралес (Веспрем).

Се вчитува...