Никола Величковски три години во Работнички (ФОТО)

Младиот талентиран фудбалер Никола Величковски во следните три години ќе настапува во дресот на Работнички, потврди скопскиот клуб.

Седумнаесетгодишникот во редовите на „романтичарите“ доаѓа од Вардар каде ја мина младинската школа, а имаше промоција и во сениорскиот погон.

Се вчитува...