Николас Бурдисо, нов тренер на Бока јуниорс

Поранешниот фудбалер на Интер, Рома и на Џенова, Николас Бурдисо, е именуван за нов тренер на аргентинскиот клуб Бока јуниорс. По поразот во финалето на Копа Либертадорес, од клупата си замина Гилјерме Барош Скелото, а на негово место доаѓа Бурдисо, кој веднаш добива значајна функција откако пред неколку месеци ја заврши својата активна фудбалска кариера.

37-годишниот Николас Бурдисо за најдобрата аргентинска репрезентација одигра 49 натпревари и постигна два гола, а сега почнува со тренерската кариера.

 

Се вчитува...