Николас Таљифико во јануари доаѓа на „Етихад“

Бекот на Ајакс Никола Таљифико во јануарскиот преоден рок би можел да му се придружи на Манчестер Сити пренесуваат, англиските медиуми. Пеп Гвардиола веќе подолго време е заинтересиран за услугите на одличниот Аргентински бек, но тимот од „Етихад“ не успеа во летниот преоден рок да се договори со Ајакс, околу цената на обештетувањето која што треба да ја исплати за Таљифико.

Гвардиола е упорен околу негово доведување на „Етихад“, па поради тоа од клубот се убедени дека ќе успеат да го доведат во јануари. Таљифико во Ајакс е од 2018 година, а за тимот од Амстердам досега забележа 69 настапи на кои шест пати се запишуваше во листата на стрелците.

Се вчитува...