Николиќ: Заминувам, за да се вратам…

Тренерот на Карпош Соколи, Драган Николиќ  истакна дека без разлика на резултатот во оваа мајсторка, заминува горд за Белград за се’ што оствари со неговата екипа оваа сезона. Николиќ смета дека ова финале беше едно најквалитетните во историјата на македонската кошарка.

„Го имавме мечот во свои раце, но се повторувам, јас заминувам горд за Белград без разлика на исходот. Заминувам горд бидејќи остваривме многу во оваа сезона. Не сум сигурен дека ќе се повтори вакво квалитетно финале, ова беше едно од најдобрите во историјата, сепак од срце посакувам да се повтори вакво нешто. Им честитам на МЗТ, но и на моите играчи за прикажаното, како и на управата за успехот во оваа историска сезона. Со овие успеси можете само да посакате да се повторува истото, да посакате да се повторуваат вакви финалиња во интерес на македонската кошарка. Рано е да кажам дали ќе останам да го водам Карпош, но едно е сигурно, заминувам за да се вратам“ – изјави Николиќ.

Се вчитува...