Николиќ: Денеска победи кошарката, се надевам дека ќе има и други вакви дуели во иднина

МЗТ Скопје успеа да го добие вечното дерби против Работнички во натпревар во кој постојано ја имаше резултатската преднсот во свои раце. „Сино-белите“ до диктираа темпото на теренот, а одолеаја и на налетот на расположените гостити во самиот финиш за победа број 12 во сезоната.

Тоа воедно и прва победа за стратегот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ во дуелите на „вечните“ па српскиот стратег не го криеше задоволството од триумфот на својот тим, но и одличната атсмофера во Аеродом, а се осврна и кон падот во играта која дозволи камбек на гостите од двоцифрена предност.

Се вчитува...