Николиќ: Не сакам да ја грдам македонската кошарка – за разлика од некои други!

Тренерот на Карпош соколи, Драган Николиќ, се воздржа од неумесни коментари по натпреварот, иако беше видно нервозен за време на мечот, посебно во финишот од средбата. Тој истакна дека не сака дополнително да ги извалка кошарката и македонскиот спорт со непотребни работи.

„Мислев дека во животот и кошарката знам доста работи, но денес сфатив дека некои работи и натаму не ми се јасни. Јас овој пат ќе се воздржам од коментари, бидејќи не сакам да го валкам македонскиот спорт, во овој случај финалната серија во Првата кошаркарска лига, за разлика од некои други. Ова што вечерва се случуваше е за разочарување, јас поднесов жалба до федерацијата поради грдите зборови кои беа утапени на мене од страна на кошаркарите на МЗТ, па ќе видиме што ќе се превземе и каква одлука ќе се донесе во следните денови. Не знам дали намерно го направија тоа за да ме изнервираат и да ме натераат да реагирам така бурно“ – истакна Николиќ по третата финална средба.

Се вчитува...