Николиќ: Мора да бидеме мажи, да стегнеме заби и да победиме на следниот меч

Тренерот на Карпош соколи, Драган Николиќ смета дека среќата одлучи во вечерашниот меч да победи МЗТ, но е задоволен на неговиот тим за прикажаната игра. Без разлика на конечниот исход, Николиќ заминува горд од салата „Јане Сандански“, со надежи дека во следниот меч ќе се одмаздат за овој пораз.

„Се надевам дека следниот пат топката ќе влезе во кошот на крајот, среќата не беше на наша страна вечерва. Јас сум презодоволен од мојот тим и на начинот на кој одиграа. Морам да ги пофалам и да им се заблагодарам на публиката на домашната екипа и нашата, ги бодреа своите тимови, направија убав амбиент, но жал ми е што ги немаше во поголем број, вакви натпревари заслужуваат полни сали. Мечот се одигра на високо ниво, сите прикажаа квалитетна кошарка. Одлучи една топка, која можеше да влезе и да не влезе, се случи второто. Имавме напад за победа, Мавра пред последниот напад имаше добра серија, па одлучивме да одиме на шут преку него, се избори за слободен простор, но не погоди за жал. На моите играчи им кажав дека мора да бидат мажи во вакви ситуации, да стегнат заби и да се подготват за следната средба. Без разлика на конечниот резултат, јас заминувам од тука среќен и задоволен“ – истакна Николиќ.

Се вчитува...