Николов: Ќе се обидеме да им вратиме на Шпанците за поразот во полуфиналето во Литванија

По надминување на пречеката наречена претквалификации за Светското првенство 2023, македонската кошаркарска репрезентација ја очекува нов предизвик наречен „Мундобаскет 2023“. Во него како прв противник го имаме светскиот шампион Шпанија кој во Скопје доаѓа во петок.

„Црвената фурија“ е апсолутен фаворит на престојната средба, но наше е да дадеме се од себе и да изненадиме, велат од нашиот табор.

„Не чувствуваме никаков притисок, тоа е најважно за нас. Играме против Шпанија. Ќе дадеме сè од себе да дојдеме до позитивен резултат за нас. Следниот меч ни е со Украина, потоа и Грузија. Таму ги гледаме шансите и се надевам дека ќе бележиме позитивни резултати. Репрезентацијата е предизвик за секој од нас, а враќањето на Дамјан Стојановски е голем плус. Ние сите што сме овде ќе се бориме да имаме добри резултати и да носиме успеси. Се надевам дека ќе дојде и публиката да ни даде поддршка. А ние, ако ни се укаже било каква шанса, ќе се обидеме да им вратиме за оној пораз во полуфиналето од Европското првенство од пред десет години“, изјави бекот.

Се вчитува...