Фудбалерот на унгарски Мол Види, Бобан Николов смета дека македонската репрезентација има повеќе од историска шанса за пласман на своето прво Европско првенство.
Пред двете нови пресметки во Лигата на нациите, против Лихтенштајн и против Ерменија, Николов потенцира дека не очекуваат можеби двата клучни натпревари на патот до првото место во групата.
„Лигата на нациите е навистина одлична шанса која не смееме да ја пропуштиме. Имаме навистина квалитетна репрезентација која е зрела за пласман на Европско првенство“ – истакна Николов по денешниот утрински тренинг на националниот тим, нагласувајќи дека триумф против Лихтенштајн не се доведува во прашање…
„Апсолутно не треба да стане збор дали ќе победиме против Лихтенштајн во сабота. Јасно е дека мора да го добиеме тој дуел, а потоа со позитивен резултат и против Ерменија во Ереван да го заокружиме патот до првото место во групата. Подготвени сме, сите репрезентативци играат навистина во добра форма во своите клубови и сето тоа треба да не однесе до нови победи во Лигата на нациите“ – вели Николов.
Македонија против Лихтенштајн игра на 13. октомври од 20:45 часот на националната арена „Филип Втори“ на денот кога славиме 25 години од првиот репрезентативен натпревар во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА