Николов: Македонија покажа дека може и подобро

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа и третиот пораз на ЕП 2019, но во третиот сет одигра одлично против силната Русија и покажа дека може многу подобро во продолжението од шампионатот. Средниот блокер Ристо Николов вели дека играта од завршницата на мечот со европскиот првак е урнек за понатаму, но и еден вид „поправен“ за лошото издание од вчерашниот меч против Турција.

„Русија е пресилна, но ние покажавме дека можеме да одиграме добро и штета што не го освоивме третиот сет. Немавме и среќа во тие моменти, а мислам дека со играта се „извадивме“ за лошото издание во третиот сет против Турците. Македонија покажа дека може и подобро“, изјави Ристо Николов по мечот.

Утре македонскиот национален тим има ден за одмор, а в понеделник ќе ги одмери силите со селекцијата на Белорусија.

Се вчитува...