Женската репрезентација на Македонија триумфираше со 0-1 на гостувањето против Андора во Ла Вела во квалификациите за СП.
На дуелот од 5. коло во Групата 3, Македонија победи благодарание на голот на Николовска во 86. минута од средбата.
Ова е втора победа за составот на Александар Андов по триумфот во Скопје над истата селекција.
Македонија а во Ла Вела настапи со: Панчурова, Ѓорѓиева, Николовска, Петкова, Коловска, Галабовска, Максути, Цветкоска, Грозданова, Величковска, Сулејмани, а играа уште и Павловска, Карпузовска, Цветковиќ, Емини.
По пет натпревари Македонија е на третата позиција со шест бода, зад Унгарија со 13 бода и Азербејџан со 9 бода.
Последниот натпревар во квалификациите Македонија ќе го игра на 9 јуни против Азербејџан во Битола од 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
