Николовски: Пелистер може да победа против Македонија ЃП, ќе го докажеме тоа

Силно мотивирани по победата над Ренова, фудбалерите на Пелистер денеска се соочуваат со Македонија ЃП во 30. коло од Првата македонска фудбалска лига.

На „лавовите“ бодовите им се, исто така, и тоа како неопходни поради битката за зачувување на третата позиција. По оставката на Жикица Тасевски, ѓорчепетровци предводени од Александар Таневски сега ќе ги „лечат раните“ по поразот од Струга Трим Лум.

Но, и Пелистер посакува што побрзо да го осигура опстанокот. Во тимот на битолчани се враќа Христијан Николовски кој во минатото претходно настапуваше за „лавовите“.

„Со трите бода од мечот со Ренова успеавме да се подигнеме на посакуваното ниво, па сега во Скопје одиме психолошки порастеретени. Мислам дека Пелистер по квалитет заслужува место меѓу најдобрите три екипи во Првата лига, и затоа верувам во трите бода во Ѓорче Петров. Знаеме дека противникот има одлична и искусна екипа, но верувам дека овој пат среќата ќе ни се насмевне и ќе ја извојуваме посакуваната победа“ – вели Николовски пред денешниот натпревар.

Во составот на Димитар Капинковски поради повреда ќе ги нема Спиркоски и Танушев.

ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

Велес: БОРЕЦ – ВАРДАР

Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС

 

Се вчитува...