Николовски со 6 од 6 за три поени го однесе Работнички до драматичен триумф над Куманово

Кошаркарите на Работнички стигнаа и до осмата победа сезонава, триумфирајќи во 12. коло од Првата македонска кошаркарска лига на домашен терен против Куманово со

Во крајно израмнет натпревар, тимот од Градски парк до триумфот дојде благодарение на подобро одиграната последна четвртина во која Работнички до победничкиот пат го изнесе Кирил Николовски со извонредни погодени шест тројки од шест победи. Две од нив во последната минута кои беа пресудни за конечната победа.

Николовски натпреварот го заврши со 19 поени, од нив покрај шесте тројки и еден поен од слободно фрлање, дополнети и со пет скока. Одличен беше и Младеновски со 14 поени и 12 скока, а Мијатовиќ натпреварот го заврши со 15 постигнати поени.

На Куманово не му помогна и најновото засилување Србинот Црниќ кој мечот го заврши со 27 поени, а Марковски запиша 11 поени.

Кожув убедливо со 68-91 славеше на гостувањето против Еуро Никел. Предводници во победата на гевгеличани беа Американецот Пејн со 31 поен, дополнети и со 11 скока. и Караџовски со 17 постигнати поени.

Пелистер славеше на гостувањето против ФМП Академија со 58-68. Мекиќ со 15 поени, пет скока и три асистенции беше најзаслужниот за триумфот на битолчани.

Се вчитува...