Ним лесно ја олади ракометна Битола, пораз на Еурофарм Пелистер на стартот од ЕХФ Купот

Еурофарм Пелистер неславно ја почна новата европска сезона откако битолчани го загубија премиерниот дуел од ЕХФ Купот против француски Ним со убедливи 21-26. Иако имаа силна поддршка од трибините, „пелистерци“ потфрлија од самиот почеток, губејќи го мечот уште во првите петнаесетина минути во кои немаа одговор за одличната игра во одбраната на противникот.

„Пелистерци“ првиот погодок го постигнаа на самиот почеток, но потоа следеше период од десет минути во кои не го најдоа патот до мрежата на Ним. Во овој период Бабиќ зеде и тајмаут, Еурофарм се обиде и со „седум на шест“, имаше и промашен пенал, но водството на противникот се повеќе се зголемуваше. Кога конечно беше прекината „црната серија“ (при 1-6, гол за 2-6), тоа не значеше целосно будење бидејќи набрзо противникот ја удвои својата предност поведувајќи со 4-12, за Ним на одмор да замине со преубедливи 6-15.

Првото полувреме почна со серија на битолчани од 3-0, но тајмаутот на францускиот тренер и врати работите во нормален тек за Ним. Следеа четири гола во серија за Французите, со што Ним во 41. минута стигна и до двоцифрено водство од 9-19. Гостите извесно време ја одржуваа позитивата меѓу осум и десет гола, за македонскиот првак во самата завршница да ја намали негативата до конечни 21-26.

Одличен во таборот на Ним беше голманот Дебоне, кој имаше 13 успешни интервенции, но и три постинати гола од својот шестерец. Во екипата на Еурофарм најефикасни во денешниот пораз беа Мандалиниќ со седум и Грацан со пет погодоци.

Се вчитува...