Ништо не е загубено, со две победи сме во полуфинале!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Очајно делуваше нашата репрезентација на вечерашниот дуел против Шпанија, но овој неуспех мора да се остави експресно зад себе, бидејќи шансите за пласман во полуфиналето не се загубени.

Македонските ракометари се уште се господари на својата судбина, па со победи во последните две кола би скокнале најмалку до втората позиција во групата. Данска моментно има шест, а Германија три бода, но и двете селекции имаат по еден натпревар повеќе од нашиот национален тим, па во вторник ќе бидат слободни додека „црвено-жолтите“ играат со Чешка.

Избраниците на Раул Гонзалес со триумф на тој меч би ја скокнале Германија, па потоа во третото коло во директен дуел со Данска ќе се борат за место меѓу најдобрите четири селекции во Европа.

Секако, задачата е исклучително тешка, шансите во голема мера ќе ни зависат и од сериозноста на повредата на капитенот Лазаров, но Македонија на овој шампионат веќе покажа дека може да се носи со врвни репрезентации. Затоа, ќе мора што поскоро да се заборави Шпанија и погледите да се насочат кон Чешка и Данска.

Се вчитува...