Ништо ново: Баерн Минхен го „украде“ еден од најголемите германски таленти

Еден од најдобрите млади германски играчи Том Бишоф, потпиша за Баерн Минхен, и тој ќе биде достапен на „Баварците“ од следната сезона. 19-годишниот Бишоф доаѓа од Хофенхајм како слободен агент, со оглед дека му истекува договорот со неговиот актуелен клуб. Бишоф игра на позицијата среден ред, а може да игра и понапред.

Бишоф мина низ сите млади категории на Хофенхајм, а моменталната вредност му се проценува на 12 милиони евра.

Оваа сезона има 24 настапи за Хофенхајм, и постигна два гола и запиша три асистенции. Неговиот договор со Баерн е на четири години, односно до летото 2029 година.

 

Се вчитува...