Ништо ново – Јокиќ со „трипл-дабл“, Денвер реди победи (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ја продолжи серијата на одлични партии и нов „трипл-дабл“ во синоќешните натпревари во НБА. Тој го носеше Денвер до третата победа по ред, откако го совладаа Голден Стејт со 131-124. Српскиот центар повторно беше најефикасен на теренот со 24 поени, а дојде до 18-тиот „трипл-дабл“ во сезоната.

Јокиќ натпреварот го заврши со 32 поени, 15 скока и 13 асистенции. Публиката скандираше „МВП, МВП“.

Денвер имаше водство уште по првата четвртина, а ославениот противник кој играше без Стеф Кари, се обидоа да дојдат до пресврт, но тешко им одеше. Пули постигна 32 поени, но залудно.

Продолжува лошата серија на Чикаго, кој го забележа четвртиот пораз по ред. Филаделфија беше подобар противник од нив, предводен од Џоел Ембид кој постигна 43 поени со 14 скокови. Филаделфија победи на сите пет натпревари во кои Харден играше за овој тим, откако е трејдуван од Бруклин.

Кошаркарите на Детроиот после продолженија ја совладаа Атланта со 113-110. Канингем беше најефикасен со 28 поени и 10 асистенции. Сан Антонио беше подобар од тимот на ЛА Лејкерс, а нивниот тренер Грег Попович го израмни рекордот на неговиот колега Дон Нелсон со 1.335 победи во НБА Лигата. Тој може да стане прв на листата, ако неговиот тим во среда го совлада Торонто.

РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Атланта 113:110 (после продолженија)
Филаделфија – Чикаго 121:106
Мајами – Хјустон 123:106
Минесота – Портланд 124:81
Далас – Јута 111:103
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 117:110
Денвер – Голден Стејт 131:124
Сакраменто – Њујорк 115:131

Се вчитува...