Ништо ново: Кипчоге повторно најбрз на маратонот во Берлин

Елијуд Кипчоге од Кенија триумфираше на маратонот во Берлин, со време 2:02.42 часа, и така ја одбрани победата од минатата година, кога на истата трка постави и светски рекорд.

Како втор на целта низ улиците на Берлин мина неговиот сонародник Винсент Кикемои, додека трет беше Тадесе Такиеле од Етиопија.

На овој маратон беше срушен светскиот рекорд во женска кон куренција. Тигист Асефа од Етиопија го сруши рекордот, откако ја претрча патеката за 2 часа, 11 минути и 53 секунди.

Се вчитува...