Ништо ново од Металург, нов меч – ново разочарување (фотогалерија)

Ремито во Украина даде надеж дека Металург може да се носи со Мотор, но денешното издание само ги спушти на земја ракометарите, но и навивачите на клубот од “Автокоманда“, кои мораа да се помират со уште едно потпросечно европско издание на своите миленици.

„Седум на шест“ не може да биде „џокер“ на две средби против ист ривал, денеска беше очигледно дека Украинците се имаа подготвено за оваа тактика, ја прочитаа и го казнија Јовиќ за инсистирањето на истата.

За жал, како што течеа настапите на Металург во ЛШ, наместо формата да се крева истата се движеше во надолна линија, па пет бода од девет натпревар не може да се оцени на ниту еден друг начин освен како неуспех, без оглед на новиот играчки ремонт, но и тренерските екскурзии на Лино Червар.

Металург до пред неколку сезони поставуваше темели на сериозен спортски колектив, имиџ што го губи од година во година. А не ќе е да е се во парите…

[new_royalslider id=”858″]

Се вчитува...