Ништо ново во Денвер: Трипл-дабл на Јокиќ, „ѕверски“ меч и на Адетокумбо

Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто е актуелен МВП на НБА-лигата, откако српскиот центар во голем стил ја предводеше својата екипа до триумф над актуелниот првак Голден Стејт, со убедливи 134-117. Јокиќ мина на теренот само 33 минути, доволно време за импресивен трипл-дабл од 22 поени, 14 скокови и 16 асистенции, со шут од игра 9/13. Ова беше втор трипд-дабл во низа на Јокиќ со минимум 20 постигнати поени, со што Србинот стана седми во историјата со вакво остварување, по Оскар Робертсон, Меџик Џонсон, Расел Вестбрук, Леброн Џејмс, Лука Дончиќ и Џејмс Харден.

Импресивен меч синоќа одигра и Јанис Адетокумбо, кој го предводеше Милвоки до импресивен камбек од „минус 21“ до победа над ЛА Клиперс. Грчкиот ас го заврши натпреварот со неверојатни 54 постигнати поени и 19 скокови, фантастични бројки на поранешниот МВП на лигата.

Лука Дончиќ го предводеше Далас до победа од 111-106 над Њу Орлеанс, меч на кој словенечката суперѕвезда реализираше 31 поен, осум скокови и четири асистенции.

Ентони Дејвис се врати во тимот на ЛА Лејкерс и даде огромен придонес во победата од 111-112 на гостувањето против Индијана. Дејвис имаше 31 поен и 14 скокови, воедно и клучна блокада во одбраната во моментите кога се решаваше победникот, додека Леброн Џејмс го заврши мечот со 26 поени, седум скокови и седум асистенции.

Резултати НБА:

Индијана – ЛА Лејкерс 111-112, Кливленд – Мемфис 128-113, Њујорк – Мајами 106-104, Чикаго – Шарлот 114-98, Далас – Њу Орлеанс 111-106, Денвер – Голден Стејт 134-117, Милвоки – ЛА Клиперс 106-105.

Се вчитува...