Ништо ново во Ливерпул, Клоп во нови проблеми: Алкантара надвор од терените до крајот на месецот

Фудбалерот на Ливерпул, Тиаго Алкантара ќе ги пропушти следните два натпревари поради повреда на листот што ја заработи на натпреварот против Кристал Палас во Премиер лигата.

Шпанскиот фудбалер е на прегледи, а поради повреда сигурно ќе го пропушти натпреварот во Лига купот против Норич во вторник и натпреварот против Брентфорд в сабота во шампионатот, објави денеска „Скај“.

Алкантара се повреди во саботата за време на натпреварот на „Енфилд“, кој неговиот тим го доби со 3-0. Трент Александар-Арнолд и Роберто Фирмино исто така ќе го пропуштат натпреварот во вторник. Александар-Арнолд е болен, а Фирмино, кој ги пропушти претходните три натпревари, има проблеми со повреда на тетивата.

Се вчитува...