Ништо од Манчестер Јунајтед – Грилиш останува верен на Астон Вила

Младиот англиски фудбалер Џек Грилиш потпиша нов петтгодишен договор со Астон Вила, што стави крај на шпекулациите за негов трансфер во Манчестер Јунајтед. Британските медиуми пишуваа дека Оле Гунар Солскјер е заинтересиран за услугите на 25-годишникот бидејќи „црвените-ѓаволи“ се тенки на крилната позиција. Сепак, Грилиш одлучил да остане во клубот во кој минатата сезона беше главен „виновник“ за обезбедувањето опстанок во Премиер-лигата. Грилиш е дете на Астон Вила. Во првиот тим е од 2012 година, а досега запиша 159 настапи на кои постигна 23 гола.

 

 

Се вчитува...