Ништо од најголемиот спектакл на 21. век

Ништо од борбата меѓу Теренс Крафорд и Канел Алварез, најголемиот боксерски спектакл на 21. век кој требаше да се одржи во септември во Лас Вегас.

Се чини дека првичните информации не беа неточни околу одржувањето на настанот, но преговарачкиот процес сепак влезе во ќорсокак во последната фаза, па еден од двајцата големи боксери реши да ги прекине преговорите.

Се претпоставува дека тоа беше Алварез, со оглед на тоа што Теренс Крафорд исклучително го посакува овој меч.

Алварез веќе неколку пати истакна дека овој меч нема многу смисла за него, бидејќи победата над Крафорд не би била особено ценета поради големата разлика во физичката големина, а во исто време борбата би била исклучително тешка. Ризикот е голем, а наградата е мала.

Се вчитува...